14 начини на кои можете да ги искористите презреаните банани

Бананите имаат 105 калории, 12% од дневниот препорачан внес на калиум, 17% од препорачаниот внес на витамин Ц и 12% од потребните хранливи влакна. Иако се одлична ужина, бананите се навистина невкусни за јадење кога се презреани. За среќа, можете да ги искористите и нив.
Убавина
1. Бананите се одлични во борбата против акните. Ставете ја лушпата од банана со внатрешната страна на кожата. Масирајте 10-тина минути и не го мијте лицето што е можно подолго. Повторувајте неколку денови по ред.
2. Оваа неверојатна маска за коса ќе ја направи вашата коса сјајна и ќе го спречи пукањето на врвовите. Измешајте 1 презреана банана, 1 зрело авокадо и 2 лажици кокосово масло и направете хомогена смеса. Нанесете ја маската на косата и оставете да делува 30 минути. Исплакнете со шампон. Останатиот дел од маската можете да го чувате во фрижидер. Употребувајте ја маската еднаш неделно.
3. Можете да направите и пилинг за кожа. Измешајте 1 мека банана, 1-2 лажици кафеав шеќер и неколку капки есенцијално масло. Употребете го пилингот пред да се растопи шеќерот.
4. Бананите се одлични и за навлажнување на кожата на стапалата. Со внатрешната страна од лушпата истријте ја сувата кожа и исплакнете. Правете го ова неколку пати дневно за најдобри резултати.

5. За да ги полирате чевлите, можете да ја употребите внатрешната страна на бананата. Бананата не треба да биде целосно кафеава – лушпата треба да биде жолта со кафеави точки.
6. Презреаните банани се и одлични за полирање дрвени површини. Ставете малку банана на површината и исчистете со крпа.7. За да отстраните дамки од кожата, втријте ја внатрешната страна од лушпата на проблематичното место.
8. За да не го пресушите печењето, поставете лушпа од зрела банана врз месото пред да го ставите во рерна. Извадете ја 5 минути пред месото да биде готово.
9. Бананите испуштаат хормон наречен етилен. Тоа го поттикнува зреењето на другите овошки и зеленчуци. Па доколку имате продукт што не е зрел, ставете го во ист сад со банана и за 24 часа ќе биде погоден за јадење.
10. Ако барате природен отстранувач на инсекти, можете да употребите банана. Во затворен сад ставете 140 милилитри јаболков оцет, 140 милилитри вода и исечена банана. Направете дупки во садот. Мувите ќе бидат привлечени од мирисот и ќе се заробат.
11. Исечената лушпа од банана е одлично ѓубриво за во вашата градина. Само немојте да ја поставувате предлабоко во почвата.


12. Ако вашите растенија во куќата имаат овенати и правливи листови, истријте ги со лушпа од банана.
13. Бананите имаат неутрална рН вредност од 5,6 а ова ги прави одлични за киселини. Сепак индивидуалните реакции можат да бидат непредвидливи и околу 1% од луѓето страдаат од повеќе киселини откако ќе изедат банана.
14. Чајот направен од презреани банани е одличен извор на минерали. За подобар сон испијте го еден час пред да одите во кревет. За подготовка зовријте вода, додајте 1 неизлупена банана исечена на големи парчиња и оставете 10 минути. Исцедете ја водата и додајте малку цимет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.