Заврши протестот пред Владата на Република Македонија, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и на просторот пред Владата веќе нема ни демонстранти, ниту, пак, полицајци.Денешните протести почнаа околу 19 часот пред Собранието од каде се направи обид демонстрантите да се префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, што беше спречено од кордон на полицијата.
Потоа, дел од демонстрантите се упатија кон полициската станица „Центар“ каде беа 13-те приведени лица што учествуваа во вчерашните насилни протести. При тоа дојде до судир со полицијата која со солзавец и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите.
Потоа, демонстрантите организирано се упатија пред Владата на Република Македонија каде протестот беше мирен со исклучок на искршената влезна врата на редакцијата на „Радио Слободна Македонија“, чии простории се веднаш до „Република“.
Од хируршката килиника „Свети Наум Охридски“ за МИА потврдија дека кај нив биле примени двајца повредени полицајци. Едниот од нив со контузија на рамо, а другиот со повреда на рачниот зглоб. Пружена им е медицинска помош по што се пуштени на домашно лекување. Од болницата информираат дека кај нив не се донесени повредени демонстранти.
За утре се најавени нови протести во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“ која бара оставка од претседателот Ѓорге Иванов, итно ослободување и отфрлање на обвиниенијата против сите приведени од вчерашните протести, замрзнување на процесот за одржување избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.Денешните протести почнаа околу 19 часот пред Собранието од каде се направи обид демонстрантите да се префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ш