Во четвртокот, телата на двајца 45-годишни наставници по борење, се пронајдени заедно со мртвото тело на 14-годишниот Џејмс Хуртадо, во Хермистон, град близу северната граница на Орегон, САД.Телата се најдени во блиската шума, со фатални прострелни рани во главата. Тинејџерот од септември требал да го започне средношколското образование, а месец август си го пополнувал одејќи на часови по борење.
Полицијата нагласи дека според првичните изгледи, детето само се застрелало во главата откако ги извршило убиствата.
Неговата мајка, 35-годишната Андриа Бај е најдена во домот со прострелна рана и е однесена во болница.
Учителите по борење и мајката биле блиски меѓу себе, а соседите тврдат дека едниот му бил како татко на детето. Истиот човек во 2008 е уапсен за нелегално поседување на пиштол, и добива симболична казна: општествена работа.
Ваквите монструозни случаи во САД од ден на ден се множат, а останува полицијата да открие повеќе детали околу мистеријата за мотивот на детето.Телата се најдени во блиската шума, со фатални прострелни рани во главата. Тинејџерот од септември требал да го започне средношколското образование