Изборите се неизбежен дел од нашето секојдневие. Носиме од најмали, до најголеми одлуки: каде че излеземе, што ќе јадеме, со кого ќе се видиме со кого не… Толку многу одлуки, но животот не чеке, туку си оди понатаму. Доколку сакате да се чувствувате посреќно, тогаш правете го тоа што го прават среќните луѓе и направете ги овие 14 работи:
Простете
„Простувањето е подарок што си го давате самите на себе.“
Среќните луѓе простуваат затоа што знаат дека држењето лутина, тага, гнев или фрустрација само нив самите ќе ги повреди. Секој може да прости затоа што подобро ќе се чувствува понатаму во животот.
Живејте за моментот
Земете длабок здив. Забавете за минута. Грижата за минатото може само да ви ја упропасти сегашноста. Внимателно размислувајте кои чекори ќе ги направите во иднина, но секогаш бидете реални.
Имајте лош ден
Среќните луѓе знаат дека некогаш ќе доживеат лошо и болно искуство. Тоа е неминовна работа. Добро размислете за сите лоши денови што сте ги имале досега и обидете се да дознаете што всушност се крие во позадината. Никогаш немојте да очекувате дека нема да се чувствувате лошо, затоа што на тој начин ќе се чувствувате несреќни доколку ве снајде некоја незгодна ситуација.
Не сфаќајте ги работите премногу лично
„Кога некој е злобен и ве третира лошо, не го сфаќајте тоа премногу сериозно. Тоа не кажува ништо за вас, но кажува многу за таа личност.“
Ова не може да биде повистинито. Немојте да правите претпоставки за тоа што мислат другите и не грижете се околу тоа да пронајдете начин да ги „спасувате“ од таа состојба. Тоа не е ваша работа, ниту ваша одговорност.
Обидувајте се дури и тогаш кога работите ви се чинат премногу тешки
„Пропушташ 100% од шансите што не си ги искористил.“
Како да успеете ако воопшто не се трудите? Секогаш давајте си самите себеси шанса! Среќните луѓе ризикуваат дури и кога се свесни дека постои можност да не успеат. Пред се, лошото искуство е најголема лекција.
Сакајте се себеси
Размислете од оваа перспектива: Не постојат грешки, туку шанси за учење и развој. Прекрасни сте баш такви какви што сте. Изберете да се сакате себеси!
Преземете одговорност
Преземете целосна одговорност врз себеси. Не морате да ги сакате вашите постапки и чувства, но не значи дека морате да ги поседувате. Дури и ако некој или нешто ве мачи, не смеете да дозволите да преземе целосна контрола над вас.
Смејте се
Смејте се! Смејте се додека не ве заболи стомакот, смејте се на сите ваши гафови, случки, пријатели. Смејте се на сите работи што ве иритираат. Насмевката е најефтиниот лек, кој што нема апсолутно никакви нус појави.
Опуштете се
Ставете ги очекувањата настрана. Оддалечете се од стравот и омразата, од минатото, од болката. Верувале или не, работите секогаш на крајот сами по себе се средуваат. Единствените работи што треба да ги правите е да живеете, да учите и да се смеете.
Бидете благодарни
Набројте три работи што ве прават среќни. Набројте пет или повеќе работи, или луѓе на кои што сте им благодарни. Кога сте веќе кај тоа, бидете благодарни за облеката што ја носите и компјутерот што го користите, или за било што друго. Научете се да го препознаете тоа што го имате.
Верувајте
Најпрво, верувајте си самите на себе. Верувајте дека сте силни и дека ќе ги преживеете сите порази и лоши искуства. Верувајте дека донесувате добри одлуки и дека имате цврсто оформени ставови. Одберете да го гледате најдоброто кај луѓето. Одберете да верувате.
Помагајте им на другите
Дури најмалите гестови можат многу да им значат на некои луѓе. Пробајте на некого да му ја задржите вратата, или пак да му ја понудите вашата помош за викендот…за било што. Правењето на овие работи ќе направат да се чувствувате одлично. Одберете да бидете љубезни и да им помагате на другите.
Размислете убаво
Не брзајте при донесувањето одлуки. Не морате брзо да реагирате, туку дајте си време добро да промислите за работите. Пуштете го вашиот мозок сам да си ја заврши работата, а во меѓувреме правете работи што ве опуштаат. Допуштете му на времето да биде на ваша страна.
Бидете среќни
Почнувајќи од денес, одберете да бидете среќни!Доколку сакате да се чувствувате посреќно, тогаш правете го тоа што го прават среќните луѓе и направете ги овие 14 работи:
Простете



