14 луѓе во карантин поради ебола!

Во изминатите шест дена под епидемиолошки надзор поради ебола, ставени се 14 луѓе кои допатувале од африкански држави каде е прогласена епидемија на таа болест, изјави за Танјуг, Бојана Гргиќ, епидемиолог од Институтот Батут. Притоа, Србите се во паника од смртоносниот вирус кој се шири во светот со рекордна брзина. Таа додава дека тоа е стандардна процедура и оти здравствениот систем е организиран така што сите луѓе кои доаѓаат од загрозени подрачја на аеродромот, минуваат низ контрола на санитарна инспекција која им издава решение за ставање под надзор.
– Од четвртокот до денеска издадени се 14 такви решенија. Со тоа патниците од загрозени подрачја се обврзани во рок од 24 часа да се јават во епидемиолошка служба во местото на престој, изјави Гргиќ.
Здравствената состојба им се следи до најдолгиот период на инкубација, а тоа за еболата е 21 дена.
СЗО соопшти дека во овогодишната епидемија со вирусот на ебола заразени се 1.848 луѓе, и оти од тој вирус животот го загубиле 1.013 луѓе.Таа додава дека тоа е стандардна процедура и оти здравствениот систем е организиран така што сите луѓе кои доаѓаат од загрозени под

Пронајдете не на следниве мрежи: