14 причини поради кои чувствувате умор – II дел

Вчера Ви го претставивме првиот дел од можностите поради кои чувствувате умор во текот на денот. Денес ќе ве запознаеме со останатите 7 причини поради кои е можно да се чувствувате така.За потсетување: 14 причини поради кои чувствувате умор – I дел
8. Јадете нездрава храна
Храната која е полна со шеќер и јаглехидрати (брзата храна), има висок гликемиски индекс (GI) кој е индикатор за тоа колку брзо јаглехидратите го зголемуваат нивото на шеќер во крвта. Кај луѓето кои боледуваат од дијабетес, абнормалното високо ниво на шеќер во крвта останува, наместо да навлезе во клетките каде што ќе биде трансформиран во енергија. Резултатот на тоа е организам кој е без енергија и покрај тоа што внесува доволно храна. Ако имате постојан и необјаснив замор, појдете на лекар и направете тестирање за дијабет.
Совет: Лекувањето за дијабет може да вклучи некои промени во животниот стил, како посебна исхрана и вежби, инсулинска терапија и лекови кои ќе помогнат телото подобро да ги искористи шеќерите во крвта.
9. Имате несредена канцеларија
Пренатрупаната работна маса може ментално да ве исцрпи, со тоа што ја ограничува можноста на мозокот да ги прима информациите, се вели во истражување спроведено од страна на научници од Универзитетот Принстон.
Совет: Доколку на Вашата канцеларија ѝ е потребно реорганизирање, избегнувајте целосно оптеретување. Почнете да ги чистите само видливите места, потоа префрлете се фиоките и чистете ги една по една.

10. Работите за време на одмор
Проверувањето на мејловите или било која активност која е поврзана со Вашата работа, може да предизвика целосен колапс на Вашиот ментален склоп.
Совет: Исклучете ги електричните уреди и дозволете им на Вашиот мозок и телото да се регенерираат за да си ги наполните батериите. Кога навистина земате пауза, подоцна станувате покреативни, продуктивни и поефикасни кога ќе се вратите на работното место.
11. Консумирате големи количества на кофеин
Кофеинот може да ја подобри концентрацијата и вниманието кога се зема во умерени дози. Но, преголеми дози можат да ја забрзаат работата на срцето и да го зголемат крвниот притисок. Истражувањата покажаа дека кај некои луѓе, зголемениот внес на кофеин може да предизвика и замор.
Совет: Постепено намалете со кафето, чајот, чоколадото и газираните пијалоци, како и некои лекови кои содржат кофеин. Наглиот прекин на кофеинот може да предизвика апстененцијален синдром и уште поголем замор.
12. Работа во смени
Ноќните смени и промената на работното време може да го нарушат Вашиот внатрешен часовник. Може да се чувствувате уморни тогаш кога треба да сте будни и да имате проблеми со дневното спиење.
Совет: Ограничете ја експозицијата на дневна светлина кога треба да одморите. Вашата соба нека биде темна, тивка и поладна од останатите. Ако сѐ уште имате проблеми со сонот консултирајте се со Вашиот доктор. Суплементите и лекарствата можат да помогнат.
13. Проблеми со тироидната жлезда
Тироидната жлезда е мала жлезда која се наоѓа на базата на вратот. Таа го контролира метаболизмот т.е брзината со која Вашето тело го претвара горивото во енергија. Кога жлездата е помалку активна, а метаболизмот функционира успорено, може да се почувствувате уморни и да добиете во тежина.
Совет: Ако крвните тестови потврдат дека Вашите тиреоидни хормони се ниски, нивната синтетичка замена може да ви ја врати енергијата.
14. Болест на срцето
Кога заморот ќе Ве погоди низ секојдневните активности како што е чистење на домот или работа во градината, тоа може да биде знак дека Вашето срце веќе не е толку здраво за работа. Ако забележите дека станува неподносливо тешко да завршите одредена работа која порано сте ја вршеле со леснотија, закажете преглед кај Вашиот доктор.
Совет: Промените во животниот стил, лекарства и терапевтски процедури можат да ја држат болеста под контрола и со тоа да се врати и Вашата енергија.За потсетување: 14 причини поради ко

Пронајдете не на следниве мрежи: