СДСМ ГО ПРИЗНА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Лицемерието на СДСМ продолжува во за нив препознатлив стил. Имено, овој документ покажува дека од СДСМ го разгледале и ставиле потпис, а со тоа го признале избирачкиот список, но сеуште продолжуваат да ја лажат Македонската јавност по налог на нивните дипломатски патрони, кои им даваат насоки за тоа на кој начин треба да ја шират лажната пропаганда спроведувајќи ги чекорите од насилното сценарио, онака како што тоа го прават и со албанските партии. Со ова барање од ДИК очекуваат дека Трајко Вељановски ќе го свика Собранието на кое ќе има задача да го измени Избирачкиот законик со што би се променил датумот на избори. Сепак барањето кое ДИК го испраќа до Трајко Вељановски нема обврзувачки карактер и не е основ за повторно свикување на Собранието.
Вакво барање ДИК испрати и минатата година, но тоа не резултираше со свикување на Собранието и измени на Избирачкиот законик. Тогаш, бројот на запишани гласачи бил 1.801.189, а и тогаш како и сега СДСМ го има потпишано овој извештај  потврдувајќи ја веродостојноста на истиот. 

Последниот извештај за состојбата на Избирачкиот список исто така е потпишан од претставниците на СДСМ во ДИК со што истиот го признаваат, но според нив бројот од 1.804.348 запишани гласачи е спорен поради 5.000 албански државјани во Македонија, од кои 4.000 се албански невести мажени во државава. Овој факт, покрај тоа што преку потписот го потврди СДСМ, го потврди и Бедредин Ибраими претставник на ДПА во ДИК.

Извор: infomax.mk Со ова барање од ДИК очекуваат дека Трајко Вељановски ќе го свика Собранието на кое ќе има задача да го измени Избирачкиот законик со што би

Пронајдете не на следниве мрежи: