14-минутни демонстрации во Нови Сад во знак на сеќавање на жртвите од Железничката

Во српскиот град Нови Сад се одржаа 14-минутни демонстрации во спомен на 14-те лица кои загинаа при падот на визирот на железничката станица во градот, пренесе „Данас“.

Акцијата ја организираше српската опозиција.

„Цел град нека застане 14 минути – солидарно и протест! Од 11:52 до 12:06 часот да застанеме каде и да сме. Ако сте во автомобил, вклучете го алармот и излезете; ако работите, излезете надвор; студенти и ученици – оставете ги предавањата. Лекари, приватници – секој нека најде начин… Да покажеме дека не сме заборавиле!“, се вели во апелот на опозицијата во Нови Сад.

Собири се одржаа на градската железничка станица, Плоштадот Слобода и пред Младинскиот театар.
Граѓаните испружија црно платно во близина на железничката станица, а други излегоа на терасите од своите домови и пред работните места.

Во акцијата се вклучија и студенти од Природно-математичкиот факултет во Нови Сад.
Младинските активисти рекоа дека ќе го запрат сообраќајот на 17 ноември на 6 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: