Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ и до 13 часот фрлија 140 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места.
Екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот.
Екипите нa ЈП „Комунална хигиена“ се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од во сите скопски општини.
Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
Екипите на зимската служба со возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки односно на сите мостови, клучки, на