„Самоопределување“ ја „продава“ куќата на Хашим Тачи

 

На овој начин движењето протестира поради продажбата на јавните претпријатија Пошти и Телеком на Косово, Дистрибуцијата на Косовската електроенергетска корпорација, комбинатот „Трепча“ и други јавни институции.

 

Сумата од 26.300 евра е само еден отсто од цената за која е приватизирана дистрибуцијата на КЕК.

 

Групата од десетина активисти на „Самоопределување“ му порача на Тачи дека може да го продава својот приватен имот, а не јавните претпријатија.

 

Последниве денови припадниците на ова движење извршија уште неколку такви акции, најавувајќи дека „септември ќе биде жежок месец“.

 

– Начинот на кој Владата ја користи приватизацијата на јавните претпријатија, продавајќи ги што побрзо и што поевтино, предизвикува кај нас сомнеж дека тие имаат обврска и долгови кои се обидуваат да ги отстранат со продажба на нашите имоти, истакнуваат приврзаниците на Албин Курти. 

Пронајдете не на следниве мрежи: