Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија првиот трофеј во новата сезона, откако во двомечот во Суперкупот на Шпанија беа подобри од Барселона.
Реал реваншот на домашен терен го доби со 2:1 и благодарение на гол повеќе постигнат на гостински терен, фудбалерите на „кралскиот клуб“ стигнаа до пехарот.
Првиот меч одигран минатата недела во Барселона заврши со победа на Каталонците од 3:2.
Избраниците на Жозе Мурињо фуриозно го започнаа мечот и во првите 20 минути со головите на Игуаин и Роналдо стигнаа до предност од 2:0. Црвениот картон кој во 27 минута го доби Адријано само им ја олесни работата на фудбалерите на Реал.
Барселона во финишот на првиот дел го намали резултатот со голот на Меси, што на крајот беше и конечниот резултат.
На оваа средба за своите нови клубови дебитираа Алекс Сонг (Барселона), односно Лука Мордиќ (Реал).
Пронајдете не на следниве мрежи: