Неодамна починатата сопруга на сопственикот на Тетрапак, Ева Раусинг тврдела дека знае кој го убил шведскиот премиер Олоф Палме. Раусинг, која почина минатиот месец, овие тврдења ги изнела во имејл кој му го пратила на новинарот Гунар Вал.
Во мејлот стоело – „Моето име е Ева Раусинг и мажена сум за Ханс Раусинг. Неодамна од сопругот, со кој сум 20 години во брак, дознав дека ХХ лице стои зад убиството на Олоф Палме. Мојот сопруг тоа го дознал случајно пред многу години и тоа на него влијаело многу лошо. Мислам дека знам каде е сокриено оружјето со кое е извршено убиството“, напишала Раусинг.
Според неа, мотивот за убиството е исклучиво од финансиска природа односно деловниот човек кој стои зад атентатот сметал дека шведскиот премиер претставува закана за неговиот бизнис. Исто така додала дека многу се плаши од тој човек.
Вал и Раусинг размениле уште неколку имејлови, пред таа да престане да му одговара. Според новинарот, нејзините тврдења биле многу чудни со оглед на фактот дека Палме, кој беше претседател на Социјал-демократската партија, имал жестоки противници во индустријата.
Британската полиција пронашла податоци за убиството на шведскиот ппремиер за време на претресот на нејзиниот компјутер. Шведските власти исто така потврдија дека ги истражуваат новите информации за убиството, но не сакаат да дадат детали за истрагата.
Шведскиот премиер Олоф Палме е убиен во Стокхолм во 1986 година, а неговиот атентат никогаш не е разјаснет.
Пронајдете не на следниве мрежи: