Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени го погоди источниот брег на Гренланд во четврток, објави Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот, кој според првите информации бил со магнитуда од 7 степени, се наоѓал на 428 километри источно-североисточно од населбата Итокортоормит, на истокот на Гренланд.
Земјотресот се случил на длабочина од 8,5 километри.
Пронајдете не на следниве мрежи: