Независноста на Косово е неповратна

Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, изјави во Приштина дека независноста на Косово е неповратна и дека дијалогот е најефикасен начин за решавање на проблемите.

Нишани по средбата со претседателката на Косово, Атифете Јахјага рече дека Албанија го поддржува Косово.

Според него, дијалогот создава предуслови да победи духот на соработката и го отвора патот кон европските интеграции.

Нишани смета дека Косово стана неопходен фактор на мир и стабилност на Балканот.

Тој ја пофали работата на институциите на Косово и сите кои придонесоа Косово да заврши со надгледуваната независност.

Јахјага смета дека желбата на Нишани за своја прва официјална посета како претседател да го одбере Косово е многу важна порака и има симболика во годината кога се одбележува 100 години од прогласувањето независност на Албанија.

Нишани ќе разговара и со премиерот Хашим Тачи, со градоначалникот на Приштина Иса Мустафа и со спикерот Јакуп Красниќи.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: