Укинувањето на фискалните каси за одделни дејности во Србија ќе овозможи голем број претприемници кои работата во сивата зона да се легализираат, од што државата ќе има поголем приход, а одреден број луѓе ќе најдат работа, изјави државниот секретар во српското министерство за финансии, Влајко Сениќ.
Според него, укинувањето на фискалните каси ќе овозможи полесно работење, намалување на трошоците за работа и укинување на непотребна бирократија.
Српското министерство за финансии најави и ограничување на платите во јавниот сектор и укинување на одреден број на државни агенции.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: