Словенечкиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал годинава реално се намали за 3,2 отсто на годишно ниво, објави во петокот словенечкиот завод за статистика.
Во однос на претходното тромесечје, словенечката економија остварила пад на активностите од еден отсто.
Кумулативно за првите шест месеци од годината забележан е пад од 1,6 отсто во однос на периодот јануари-јуни минатата година.
Вака осетниот пад на економските активности годинава е резултат на големиот пад на домашната побарувачка од 6,8 отсто, додека потрошувачката на државата бележи пад од два отсто.
Преземено од МакФакс www.makfax.com.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: