Тепачка на пријателскиот меч МЗТ – Черкаси

Loading...

Пријателскиот натпревар меѓу кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и украинскиот Черкаси не го дочека својот крај, откако поради тепачка беше прекинат во 26. минута.

Инцидентот започна откако физичка пресметка започнаа Ѓорѓи Чековски и Американецот во редовите на Черкаси, Винсент Картер, по што во тепачката се вклучија и останатите играчи на двата тима

Инцидентот го спречија раководствата на клубовите и припадници на полицијата задолжени за одржување на безбедноста во салата во скопската населба Аеродром.

макфакс 

 

loading...
Loading...