Како што соопшти полицијата петнаесетгодишната Викторија Настевска од селото Суводол, која родителите пред една недела ја пријавија за исчезната, се вратила дома. Вчера во полициската станица се јавила мајката на девојчето и пријавила дека таа е на безбедно.
Родителите една недела ја бараа Викторија. Јавноста целото тоа време споделуваше фотографии со информација дека таа последен пат била видена минатиот петок пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи.



