15 фасцинантни факти за левораките луѓе…

Дали и вие сте левораки? Тогаш сигурно знаете колку сте посебни, но можеби не сте ги чуле овие факти досега…
Само 15% од светската популација се левораки. Научниците не се сигурни зошо левораките луѓе се толку ретки.
Левораките луѓе имаа свој ден. 13 август е Меѓународниот ден на левораките луѓе.
Четири од последните шест американски претседатели пишувале со лева рака.
Меѓу познатите левораки луѓе се и: Опра Винфри, Џастин Бибер, Бил Гејстс, Анџелина Џоли, Еминем и многу други.
Многу членови на британското кралско семејство пишуваат со лева рака, како кралица Елизабета II, принцот Чарлс и принцот Вилијам.
Левораките луѓе се познати по тоа што се покреативни.


Дали ќе бидете левучари или не, не е секогаш поврзано со генетика. Научиците откриле дека пишувањето со лева рака може да биде наследено, но не во иста мера како висината или интелигенцијата. Дури и близнаците кои го имаат истиот ген можат да имаат различни доминантни раки. Научниците засега веруваат дека чиста случајност е тоа со која рака ќе пишувате.
Постои причина поради која ги носиме бурмите на лева рака. За тоа можеме да им се заблагодариме на Римјаните, бидејќи тие верувале дека „љубовната вена“ е поврзана со срцето преку четвртиот прст на левата рака.
Близнаците често се левораки. Во 1996 година, едно белгиско истражување врз 1700 парови близнаци открило дека речиси 21% од нив биле левораки.


Порано пишувањето со лева рака се сметало за „лоша навика“. Некои училишта дури и ги приморувале левораките луѓе да пишуваат „правилно“ односно со десна рака. Дури и зборот лево на англиски јазик е „left“, а тоа доаѓа од древен англиски збор „lyft“ што значи „слаб.“
Не се толку неспретни колку што изгледаат. Некои мислат дека левораките се многу неспретни и смотани, но тоа не е точно. Тие имаат проблем зато што поголемиот дел од облеката и предметите се прават за луѓето кои ја користат десната рака.
Науката вели дека се подобри спортисти. Не затоа што се побрзи или посилни, туку затоа што на спортистите чија десна рака е доминантна, потешко реагираат на движењето на играчите кои се на нивната лева страна.
Тие се мудри. Истражувањето потврдило дека повеќе левораки луѓе имаат IQ над 140 во споредба со оние кои пишуваат со десна рака.
Жените кои подоцна во животот раѓаат дете најчесто раѓаат дете кое е леворако. Жените кои стануваат мајки во своите 40-ти години имаат двојно повеќе шанси да родат леворако дете.
Многу левораки луѓе пишуваат со двете раце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.