Од 2002 година вкупно се инвестирани околу 33 милиони евра, пред сé во осовременување на технолошкиот процес и во иновации, а во тек на имплементација е нова голема инвестиција во производствотоИмпериал тобако ТКС Скопје 15-годишнината ја одбележува со инвестирани 33 милиони евра со кои е модернизиран производниот процес, воведени се највисоки стандарди и зголемен е капацитетот на производство. Компанијата е најголем производител на пазарот, при што извезува 42,6% од вкупното производство, и тоа во Русија и на пет пазари во регионот – Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија. Во 2017 година се планира само извозот на рускиот пазар да достигне 30% од производството.
„Долгорочниот развој на нашата индустрија игра значајна улога во стабилноста, одржливоста и во планираниот развој на македонската економија. Во него се важни токму компании каква што е Империал тобако ТКС – докажани и долгорочни партнери на домашната економија, кои континуирано инвестираат и имаат посветен и одговорен однос во работењето. Ние сме решени оваа улога да ја задржиме и унапредуваме во иднина“, изјави Пиа Барборич Јурјашевич, претседателка на Управниот одбор на Империал тобако за Адриатик регионот, додавајќи дека „долгорочна предвидливост на регулативата и фер и изедначен однос кон сите легални учесници на пазарот се неопходни предуслови за да се постигнат максимални резултати и на долг рок реално да биде планиран развојот. Тоа е од интерес и на компаниите и на домашната економија“, рече Барборич Јурјашевич.
Империал тобако на групациско ниво традиционално купува македонски тутун. Во 2016 година откупени се вкупно 1.924 тони, од кои дел се користат во производството на брендовите произведени во Македонија. Во 2017 година се планира зголемување на откупените количества македонски тутун за 8,7%.
Во Империал тобако ТКС Скопје приближно 200 вработени произведуваат 6 брендови цигари за домашниот пазар, од кои еден годинава слави 30 години на пазарот, кој истовремено има 30-процентен пазарен удел. Брендовите на Империал тобако во моментов имаат околу 60% удел на македонскиот пазар.Империал тобако ТКС Скопје 15-годишнината ја одбележува со инвестирани 33 милиони евра со кои е модернизиран производниот процес, воведен