15 години затвор за сите кои изразуваат солидарност кон Катар

Обединетите Арапски Емирати им забранија на своите државјани јавно да изразуваат симпатии кон Катар, и најавија 15 години затвор за оние кои не го почитуваат тоа, објавија локалниот весник „Гулф њуз” и телевизискиот канал „Ал Арабија”.Во понеделникот, ОАЕ и неколку други арапски земји ги прекинаа дипломатските односи и објавија строги мерки за прекин на превозот, комуникациските и финансиските врски со Катар, обвинувајќи го дека поддржува исламистички терористички групи, но и за наклонетост кон Израел и Иран. Катар ги отфрла обвиненијата.
– Ќе се преземат строги и решителни дејствија против оние кои изразуваат солидарност или се однесуваат необјективно кон Катар, а исто и против оние коишто застануваат против официјалниот став на ОАЕ, било тоа да е на социјалните мрежи или во друга писмена, визуелна или усна форма, појасни генералниот обвинител на ОАЕ, Хамад Саиф ал Шамси.
Освен затворска казна, предвидена е и глоба од 500.000 дирхами (околу 121.000 евра).
 Во понеделникот, ОАЕ и неколку други арапски земји ги прекинаа дипломатските односи и објавија строги мерки за прекин на превозот, комуникациските

Пронајдете не на следниве мрежи: