Кој не ги гледал епизодите од „Сексот и градот“? Серијата, која секој пат кога се гледа е како првпат, крие многу занимливости. Поради тоа, издвоени се 15 нешта, кои веруваме дека не сте ги знаеле. 1. Дали сте се запрашале зошто никогаш не сте ги виделе градите на Сара Џесика Паркер? Само во нејзиниот договор пишувало дека Кери Бредшо никогаш нема да се појави гола на екранот.
2. Постои причина зошто петтата сезона има само 8 епизоди. Имено, Сара била трудба со синот Џејмс Вилки Бродерик, кој се родил во октомври 2002 година.
3. Серијата „Сексот и градот“ е инспирирана од неделната колумна, која Кендис Бушнел ја пишувала за „Њујорк Обзервер“.
4. Вистинскиот господин „Big“ е всушност Рон Галоти, поранешното момче на Кендис Бушнел, кој бил извршен директор на едно списание.
5. Режисерот Дарен Стар најмногу профитирал од серијата „Сексот и градот“. Тој на Бушнел и платил само 60 000 долари за авторските права на нејзината колумна.
6. Познатиот стан, во кој живееше Кери Бредшо е продаден во 2012 година за 9,65 милиони евра.
7. Ким Катрал двапати ја одбила улогата на Саманта! На крај, дечкото на режисерот Дарен Стар, ја убедил да глуми во оваа серија.
8. Познатата воведна сцена има една голема грешка. Автобусот, кој ја прска Кери, во еден момент е празен, а во друг е полн.
9. Освен во епизодата, во која мајката на Миранда умрела, јуначките ретко ги спомнувале своите семејства. Тоа е затоа што сценаристите сакале да ги прикажат како 4 потполно независни жени, без семејна историја како важен дел од серијата.
10. Секој костум и комбинација на облека е посебен од една причина. Облеката е бирана многу внимателно, така да ниеден комбинација нема да привлекува внимание од важните моменти во серијата.
11. Кристен Дејвис, која ја глуми Шарлот, изјавила дека нејзината баба никогаш немало да ја разбере „Сексот и градот“, па затоа никогаш не и кажале како се вика серијата, во која глуми нејзината внука.
12 „Сексот и градот“ е првата кабловска серија, која ја освоила Еми наградата за најдобра комедија.
13. Улицата, во која живее Кери Бредшо (245 East 73rs St.) всушност не постои.
14. Снимањето на последната епизода било завршено во среда, само 4 дена пред светската премиера во недела.
15. Познатиот фустан, кој Сара Џесика Паркер го довела, бил нејзина идеја и го пронашла во собата со облека. Денес, се наоѓа во посебен отвор во канцеларијата на Мајкл Патрик Кинг.1. Дали сте се запрашале зошто никогаш не сте ги виделе градите на Сара Џесика Паркер? Само во нејзиниот договор пишувало дека Кери Бредшо никогаш