15 неверојатни примени на сода бикарбона

Искористете ја неверојатната моќ на сода бикарбона.Содата воглавно се користи во кулинарството, но и во чистење на домаќинството, па и во нега на телото.
Погледнете што се може ова неверојатна состојка која сите ја имаме во нашите домови.
1 Во кујната за бришење на сите површини користете основна мешавина¼ шоља сода бикарбона растворена во 1 литар топла вода.
2. За да се ослободите од миризбата во фрижидерот или оставата ставете сода бикарбона во отворена кутија на полица. Одлично ја собира миризбата.
3. Дајте и сјај на чешмата во кујната така што ќе ја избришете со паста од сода бикарбона: 3 дела сода бикарбона и 1 дел вода. Со оваа паста можете да го избришете и приборот за јадење.
4.Кантите за отпадоци мијте ги со класичен раствор од сода бикарбона и вода, а во сува и чиста канта ставете малку сода која ќе ги собира непријатните мириси.
5. За да ја освежите пластиката и да ја тргнете миризбата потопете ја во 4 дела сода бикарбона и 1 дел вода . Пчекајте 15 минути, протријте, измијте и исушете.
6. За да ја остраните нечистотијата и пестицидите од овошјето и зеленчукот измијте го во сад со вода со ¼ шоља сода, а потоа измијте.
7. За да ги измиете темните дамки на тавчињата користете сода бикарбона, топла вода и средство за садови.

8. Белите алишта можете да ги освежите со тоа што ќе додадете една шоља сода бикарбона во машината за перење алишта.
9. Отстранете ги флеките од алиштата со раствор од 6 лажички сода бикарбона и половина шоља вода. Нанесете на флеката, истријте и исперете.
10. За сите површини во бањата користете основна мешавина, а поупорните дамки наквасете ги, посипете ги со сода и оставете малку да отстојат.
11. Освежете ги четките и чешлите така што еднаш месечно ќе ги потопите во раствор од топла вода и 1 лажичка сода бикарбона.
12. WC школката ќе биде многу почиста доколку ја исчистите со сода бикарбона.
13. Дамките од рѓа лесно ќе ги отстраните со сода бикарбона.
14. За неутрализирање на миризбата во теписите или мебелот најдобро е да ги посипете со сода бикарбона, оставете 15 минути а потоа исчистете.
15. Пластичните и гумените детски играчки одлично се чистат во мешавина од сода бикарбона и вода.Содата воглавно се користи во кулинарството, но и во чистење на домаќинството, па и во нега на телото.
Погледнете што се може ова неверојат

Пронајдете не на следниве мрежи: