15 Причини зошто веднаш треба да почнете со трчање – I дел

Трчањето може и треба да биде главна причина за вашето подобрено здравје и благосостојба. Во денешниот прв дел ќе ви претставиме дел од причините зошто трчањето е важно за вашето тело. 1. Бесплатно е
Трчањето е една од неколкуте вежби кои не бараат било каква опрема или одење во фитнес клуб. Можете да трчате насекаде, бесплатно е.
2. Стекнете нови пријатели
Трчањето е физичка активност, која не е добра само за вашето здравје, туку служи и како мост за запознавање нови пријатели и истомисленици. Ако трчате почесто, може да запознаете искусни луѓе, кои можат да ви понудат корисни совети за трчањето, како исхрана, форма и закрепнување.
3. Го исфрла стресот
Трчањето го зголемува создавањето на „feel good“ невротрансмитери, ендорфини. Ова ги доведува физички активните лица до мирен, оптимистички и балансиран начин на размислување.
4. Инспирација
Како што сте повеќе доследни на трчањето, така луѓето ќе го забележат тоа. Тие ќе почнат да ве прашуваат од каде имате толку енергија. Така наскоро ќе имате основа за споделување на вашата радост со другите, и со поголема веројатност да ги инспирирате другите да почнат со трчање.

5. Вратете го паричникот во вашиот џеб
Штом нема да плаќате членарина во фитнес клуб, за да уживате во сите придобивки на трчањето, вие ќе заштедите околу 360 долари годишно!
6. Медитација во движење
Како што се зголемува нивото на ендорфин за време на вашето трчање, така ќе го смирите вашиот ум и ќе почнете да се фокусирате на една по една задача. Наскоро ќе влезете во состојба, во која секојдневните нервози, ќе ги замените со драгоцени моменти во вашиот живот.
7. Останете ментално цврсти
Трчањето ја зголемува вашата целокупна моќ на мозокот, за да може да функционира на највисоко ниво во текот на денот. Постојат 2 клучни мозочни хемикалии што се ослободуваат при трчањето, кои ве држат ментално цврсти: допамин (го зголемува учењето и вниманието) и нораадреналинот (кој влијае врз мотивацијата и возбудата).
8. Живеете подолго
Со умереното трчање, не само што ќе го задржите витото тело, туку и ќе ја зголемите вашата долговечност. 
Во утрешниот втор дел, ќе ви ги претставиме преостанатите корисни совети и причини за трчањето:  15 Причини зошто веднаш треба да почнете со трчање – II дел.1. Бесплатно е
Трчањето е една од неколкуте вежби кои не бараат било каква опрема и

Пронајдете не на следниве мрежи: