15 работи кои не сте ги знаеле за ноктите!

Прочитајте ги 15 корисни информации поврзани со вашите нокти.1.Ноктите на рацете месечно израснуваат околу 3,5 милиметри. Додека ноктите на нозете раснат 1,6 милиметри. Исто така е откриено дека ноктите на доминантната рака раснат малку побрзо.
2.Белите дамки на ноктите не се знак дека ви недостига калциум. Туку едноставно немаат никакво значење. Може да се појават ако на некој начин сте го притиснале ноктот.
3.Ноктите и косата имаат ист состав. Само различно изгледаат. Па така тоа што е добро за вашата коса е добро и за вашите нокти.
4. На мажите ноктите им раснат побрзо. Единствено само кога жените се трудни тогаш ноктите им раснат малку побрзо.
5.Ноктите овозможуваат да се разликуваат приматите од цицачите. Па, цицачите имаат канџи, а приматите(вклучувајќи ги и луѓето) имаат нокти.

 
6.Грицкањето на ноктите е пореметување и се нарекува onychophagia. Тоа најраспространетата навика која луѓето ја прават кога се нервозни.
7.Треба ли ноктите да бидат секогаш налакирани? Не. Верувале или не, врвовите на ноктите имаат потреба понекогаш слободно да дишат.
8.Ноктите се прозор кој го покажува здравјето на телото. Па, така сината боја покажува на воспаление на белите дробови.
9.Ноктите побрзо раснат на лето отколку на зима.
10. Околу 10 % од дерматолошките проблеми  се поврзани со ноктите.

 
11. Стресот може да го намали растот на ноктите.
12.Ако на вам ви е незамисливо ноктите да ви поминат по школската табла, не сте единствени. Тој звук особено ги иритира нашите уши.
13. Кожата на ноктите има посебна намена иако редовно се отстранува поради естетски причини. Та не штити од разни бактерии.
14. Брзината на растот на ноктите и нивната цврстина се одредени со генетиката.
15.Ако сте се удриле и ноктот ви паднал, со тек на време ќе ви порасне нов нокт, освен во случај кога е оштетен коренот.1

Пронајдете не на следниве мрежи: