15 работи кои рестораните не сакаат да ги знаете!

Рестораните по светот и кај нас имаат валкани мали тајни кои тие не би сакале ниту еден клиент да ги дознае. Ние успеавме да дојдеме да некои од нив кои ќе ги споделиме со вас:1. Ако главниот готвач излезе да вечера во ресторан, три работи речиси никогаш не би нарачал – пилешко, тестенини и пица. Тоа го одговориле 86% од испитаните готвачи при една спроведена студија.
2. Двајца од тројца готвачи признаваат дека ако храната падне на подот во кујната, тие ја креваат, мијат и ја користат.
3. Лебот кој го служат исечен на парчиња, речиси секогаш содржи парчиња леб останати од друга маса.
4. Шанкерите велат дека никогаш не би порачале лимон со пијалок во ресторан – плодот таму никогаш не се мие, само се сече на парчиња и се сервира.
5. Во 99% од големите ресторани во светот пржените јајца за појадок се прават од јајца во прав. Тоа не се прави поради штедење, туку затоа што така ризикот од заразување со салмонела се сведува на нула.

6. Во детските менија, тестото за пици често се замесува со многу шеќер, бидејќи тоа им се допаѓа на малите и сакаат уште повеќе. Повеќе шеќер се става и во останатите работи од менито за деца.
7. Ако музиката во ресторанот е силна, тоа го прават за да може да слушаат и готвачите во кујната. Научно е утврдено дека колку е посилна музиката во ресторанот, толку помалку време губат клиентите во зборување и толку повеќе храна порачуваат.
8. Во прирачникот за келнери го пишува следново: “Ако сакате да добиете поголем бакшиш, прво претставете се на клиентите и замолете ги да ви се обратат по име. Стојте до човекот кој порачува во моментот за да ја слушнете повнимателно нарачката. Допирајте ги клиентите малку по рамото со раката и поссветете им посебно внимание на децата. ”
9. Ако сте вегетаријанци и прашате дали зеленчуковата супа е навистина направена од зеленчук, келнерот во 90% од случаите ќе одговори “да”, макар да не е така.
10. Келнери чекаат некој да нарача пржено месо, за да може да се искористи старото.

11. Никогаш не вечерајте во ресторан еден час пред затворањето на кујната – ќе добиете веќе заостанати производи, најчесто лошо и набрзина подготвени.
12. Секогаш проверувајте ги тоалетите на еден ресторан. Нивото на чистота таму одговара на чистотата во кујната.
13. Никогаш не  порачувајте риба во недела или понеделник. За време на викендите нема резерви на свежа риба, па ќе добиете стара. Обично рестораните добиваат риба два пати неделно. Од вторник до петок се најдобрите денови за нарачување на риба.
14. Избегнувајте ги рестораните по празници – особено Свети Валентин или 8 март. Тогаш “специјалните” менија се со надуени цени, контролата на квалитетот на храната е намалена, а поради приливот на клиенти најчесто служењето е со голем застој.
15. Келнери навистина  им се “одмаздуваат” на досадните клиенти. Еден од нив раскажува како, откако 2 пати му вратиле стек, тој го ставил во мијалникот за неколку минути. Овој пат клиентот бил многу задоволен.1. Ако главниот готвач излезе да вечера во ресторан, три работи речиси никогаш не би нарачал – пилешко, тестенини и пица. Тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: