15 шокантни бројки кои ќе ве натераат да обратите внимание за тоа што ИСИС прави во Ирак

Во текот на изминатите неколку месеци, Исламската држава, изданок на ал-Каеда  претходно позната како ИСИС, крена брутална кампања во Сирија и Ирак, која се шири и освојува нови територии. Со наведената цел да воспостават Сунитски калифат – или Исламска држава раководена според религијата – борбите во бунтовничките групи земаа голем данок за шеитското муслиманско мнозинство во Ирак, како и голем број на малцински групи, вклучувајќи ги и Курдите христијани.Додека извештаите на Исламската држава за извршување масовни егзекуции, ставајќи глави на огради и наметнување остри религиозни ограничувања предизвикаа загриженост низ целиот свет, тие не изнудиле воено учество до сега. Во текот на викендот, воени американски авиони почнаа со бомбардирање врз исламските   борци  по соопштението дека Барак Обама овластил воздушни напади за да спречи „геноцид“.
Еве еден извештај за милитантската  група според бројки:
13
Број на  квадратни километри за кои се верува дека се под контрола на Исламската држава, дел помеѓу Сирија и Ирак кој е приближно голем колку Белгија. Други проценки укажуваат на тоа дека Исламската држава контролира површина голема 35.000 квадратни километри, или приближно како големината на јордан.
1.922
Бројот на луѓе убиени во Ирак во јуни месец, според властите, што го прави најкрвавиот месец од мај 2007. Властите пријавиле 1393 цивили, 380 војници и 149 полицајци. Уште 2610 лица биле повредени, повеќето од нив цивили.
30.000 – 50.000
Бројот на милитанти кои сега се борат со Исламската држава, според една неодамнешна проценка од страна на д-р Хишам ал-Хашими, експерт за групата. Многу поранешни војници на ирачката армија биле принудени да се придружат и други биле регрутирани од регионот и пошироко.
5
Бројот на нации со кои Исламската држава е во директна борба. Во обид да се прошират, бунтовниците нападнаа војници од Ирак, Иран, Либан, Сирија и Турција само ова лето.

2,000,000,000 долари
Приближна вредност на имотот на Исламската држава, според проценките на експертите за тероризам.
3,000,000 долари
Проценетиот дневен приход на Исламската држава, само од својата нафта и гас.
3
Бројот на високо – профилни бегства од затвор извршени од страна на силите на Исламската држава во изминатите неколку месеци, што доведе до ослободување на најмалку 1.500 бунтовници , веројатно, вклучувајќи лидери и други милитанти.
0
Бројот на христијани за кои се сметаше дека се оставени во градот Мосул, каде Исламската држава христијанството го осудила со смртна казна. Иако е невозможно да се знае дали исламистите ги протерале сите христијани од градот, неодамнешни извештаи наведуваат  на тоа дека сите преостанати христијани сами избегале од градот.
До 40.000
Бројот на цивили кои биле заробени на планината Синџар минатата недела откако исламската држава го зароби градот Синџар, во близина на курдскиот регион во северен Ирак.
Најмалку 500
Број на Јазиди кои загинаа од страна на исламските  борци во северен Ирак.

Најмалку 300
Бројот на Јазиди жени кои  се земени како робови од страна на Исламската држава, според министерот за човекови права Мохамед ал-Сунади. Сунади рекол дека се уште постои загриженост дека многу од жртвите ќе бидат пренесени надвор од земјата, со што ќе се намалат шансите за нивно спасување.
500,000 
Според извештајот  во списанието Water Power magazine, ова е бројот на цивили кои би можеле да умрат доколку Мосул браната, најголема брана во Ирак, престане да работи. Кон крајот на минатата недела, Исламската држава, наводно, ја окупирала браната, која се наоѓа на реката Тигрис и обезбедува вода и енергија за Мосул и други делови од регионот.
65
Количината на вода (во метри) што ќе го потопи градот доколку Исламската држава одлучи да ја уништи Мосул браната.
1.500.000
Проценетата популација на Ербил, главен град на Курдистан. Овој број вклучува непознат број на странски работници, од кои некои се американски воен персонал.
2
Бројот на градови кои се повратени од страна на курдските сили во неделата по американските воздушни напади за заштита  околината од исламските милитанти .Додека извештаите на Исламската држава за извршување масовни егзекуции, ставајќи глави на огради и наметнување остри религиозни ограничувања предиз

Пронајдете не на следниве мрежи: