А кој вели дека убавината не е важна? Пред вас се 15 супер совети од кои, благодарение на нив, отсега ќе изгледате забележително подобро. Зачувајте ги овие совети и прочитајте ги повеќе пати. 1. Имате мозолчиња на брадата или по ивиците на образите? Причината за тоа може да биде – телефонот! Навистина! Притисокот и бактериите од телефонските слушалки можат да ја иритираат вашата кожа. Решение: не ги ставајте во близина на лицето и дезинфицирајте ги секој ден.
2. Ова пробајте го кога очите ви изгледаат уморно. Ставете безалкохолен тоник во фрижидер. Сипете малку тоник на топчиња од памук и ставете ги на затворени очи неколку минути.
3. Ако имате мрсна кожа и кожа со мозолчиња, вашата перница може да ви биде најлош непријател. Мрснотијата и валканоста се создаваат на ивиците на вашата кожа, па затоа менувајте ја навлаката на перницата неколку пати неделно.
4. Фрлете ги жилетите кои оставаат траги по кожата. Менувајте ги на секое 2-3 бричење.
5. Сува кожа? Топлата вода се однесува на влажноста. Затоа бањајте се во топла (а не во супер топла) вода и ограничете го времето за туширање.
6. Направете додатоци во вашиот лосион за тело со максимално хидратантно дејство: нанесете го веднаш после туширање или бањање, додека кожата се’ уште е помалку влажна.
7. Го знаете ли оној трик со ставање ќесичка од чај на очните капаци за да се намали подуеноста? Совет: употребувајте чај од камилица, бидејќи останатите чаеви можат да остават траги на кожата.
8. Ако после миењето на лицето имате чувство на затегнатост, веројатно производот којшто го употребувате за чистење е премногу јак. Изберете некој поблаг.
9. Упс, сте ставиле повеќе парфем отколку што е потребно? Не го мијте (мирисот ќе се промени и ќе биде уште почуден). Отстранете го со помош на топчиња памук натопени со алкохол.
10. Добивате новоизрснати влакна од бричење? Употребувајте алфахидрокси лосион (го има во секоја аптека).
11. Употребувајте ги производите против мозолчиња само два или три пати дневно. Ако претерувате, ќе ја исушите кожата.
12. Мијте ја кожата употребувајќи мали, кружни движења, одејќи нагоре. Ако ја сапунизирате одозгора надолу, и’ штетите на нејзината еластичност.
13. На вашата кожа и’ е потребен и добар сон за да се одмори, регенерира и да ги замени истрошените клетки. Спијте најмалку 8 часа секоја ноќ!
14. Направете сами пилинг за мрсна кожа. Сомелете овес во блендер, потоа додадете јогурт за да направите паста. Масирајте го ова на кожата две минути и потоа измијте ја.
15. После миење на лицето и на телото, добро отстранете ја целата сапуница. Доколку остане, може да ја иритира вашата кожа.1. Имате мозолчиња на брадата или по ивиците на образите? Причината за тоа може да биде – телефонот! Навистина! Притисокот и бактериите од те



