Било да сте почетник во кујната или имате завидно искуство со шпоретот некои тајни во готвењето секако би требало да ги знаете. Ви откриваме како да се ослободите од непријатниот мирис на лукот на прстите, колку точно да ја варите тестенината, како да направите совршено пире компир, но и ште некои други тајни кои ќе ви го олеснат готвењето и ќе ве направат вистински „мајстор“ во престилка.1. Тстенината гответе ја минутa или две помалку отколку што пишува на пакувањето. Инаку, откако ќе го додадете врелиот прелив тестенината дополнително ќе омекне.
2. Мирисот на лук на прстите можете да го отстраните со брз и делотворен трик. Под млаз вода тријте ги прстите 30 секунди со жица за нерѓосувачки челик.
3. Кога ќе пржите во длабоко масло, храната која ја додавате неколку минути држете ја на вилушка, во маслото, пред да ја спуштите во тавчето. На тој начин малку ќе се запече и ќе се спречите да се залепи за дното на тавата или за останатата храна.
4. За подобри резултати при печење на колачи јајцата и маслото ставете ги половина до еден час на собна температура за подобро да се растворат.
5. Свежината на босилекот можете да ја продолжите доколку го ставите во шолја со вода и оставите на собна температура.
6. За карфиолот при готвењето да ја здржи белата боја во водата додадете млеко и сол.
7. Кога правите пире од компир откако ќе го исцедите компирот вратете го во топлото тенџере, тргнете од оган и оставете да се исуши во топол сад уште една минута. Откако ќе го испасирате и ќе додадете вода и млеко ќе добиете брашнеста структура.
8. За да го ублажите вкусот на аспарагусот излупете го и извалкајте го во иста мера сол и шеќер и по 10 минути измијте. Потоа подгответе по желба.
9. За да добиете што повеќе сок при цедењето лимон или портокал, тркалајте го минута под дланката и потоа цедете.
10. За да направите совршена супа од зеленчук наместо состојките веднаш да ги ставите во вода, морковот, кромидот и доматот, прво малку динстајте на масло или путер. На тој начин ќе го појачате вкусот.
11. Свежината на зеленчукот ќе ја продолжите доколку го замотате во влажна хартиена салфета во пластична кеса, а потоа да го ставите во ладилник.
12. За да знаете кога маслото е доволно загреано наместо да ставите парче храна и чекате да почне да крчка, во маслото ставете дрвена лажица и доколку се појават меурчиња маслото е доволно загреано.
13. Кафеавиот ориз се готви значитело подолго од белиот, некој дури и 45 минути. За побрзо да го сварите оставете го претходната ноќ во вода. По натопувањето времето на готвење би требало значително да се намали. Истиот трик можете да го пробате и со тестенината. Тестенината оставете ја преку ноќ во вода и по таквото натопување тестенината би требало да се свари за само 60 секунди.
14. Доколку во тавата ви снема масло, додавајте на работ и полека наполнете ја тавата. Додека дојде до состојките кои се во средина веќе ќе биде загреано.
15. Пред да го сецкате зеленчукот на даската за сечење ставете малку сол. На тој начин зеленчукот нема да се лизга и полесно ќе се сече.
При готвењето секако имајете на ум дека рецептите се водич, а не „библија“. Опуштете се и експериментирајте, а состојките кои не ги сакате пробајте да ги замените со нешто друго. На пример, доколку не сакате темјан пробајте да го направите истото јадење со оригано. Пред сервирање пробајте го секое јадење. На здравје!1. Тстенината гответе ја минутa или две помалку отколку што пишува на пакувањето. Инаку, откако ќе го додадете врелиот прели
Пронајдете не на следниве мрежи:



