15 видови бакнежи – за некои од нив сигурно никогаш не сте слушнале!

Допирот е мајка на сите сетила, а бакнежот е универзален знак во општествениот живот за изразување на посветеност и љубов без разлика дали станува збор за сексуална, родителска или пријателска.Значењето на бакнежот зависи од контекстот. Нема исто значење ако во образ  бакнете мајка, дете, жена или девојка. Тука станува збор за само за бакнежи помеѓу љубовници, и во зависност од културата, техниката има различни типови на бакнежи.
Еве 15 од нив:
Стандарден тешко да се дефинира, но тоа е нежен допир на усните и “нормален” бакнеж на образот или челото.
Француски партнерите се бакнуваат со отворени усни и нежно ги допраат јазици. Внимавајте не треба со јазикот да “истражувате” длабоко устата на партнерот.
Парфимиран бакнеж е многу популарен во азиските земји, бидејќи бакнувањето во јавност се смета за непристојно. Наведнете се кон партнерот и кога вашиот нос ќе допре дел на лицето, вратот или увото издишете.
Ескимски бакнеж, е еден бакнеж кој не ги вклучува усните. Се доближувате, така што ќе можете да го допре носот на партнерот со вашиот, а потоа со носевите се движите од лево кон десно.
Бакнеж со вкус, земете коцка чоколадо или некоја бомбона и продолжете кон францускиот бакнеж. Уживајте во вкусот.

 

Цицачки бакнеж, зад не романтичен назив лежи еден од најсензуалните бакнежи. Нежно цицајте ја долната усна на вашиот партнер, додека е отворена неговата уста. Нежно потегнете со усните, но бидете внимателни да не претерате.
Риба бакнеж, овој бакнеж гарантира извор на забава. Ги вовлекувате образите навнатре, за ваѓите усни да наликуваат на риба, а потоа се бакнувате.
Јазик бакнеж, исклучително сексуално искуство. Наместо со вашите усни, допрете ги усните на партнерот со врвот на јазикот.
Лизгачки бакнеж, ова е практично предигра. Почнете со бакнежи кои се движат од прстите на нозете, па глуждот, па бедрата се до вратот на вашиот партнер. Важно за овој бакнеж е дека не треба да ги трнете усните, тие треба цело време да „лизгаат“ по неговото тело.
Скокотлив бакнеж, започнете со нормален бакнеж, а додека го скокоткате вашиот партнер.

 

Бакнежот без усни, клучно е да не ги користите усните. Отворете ја устата и допиете се само на врвот на јазикот, не користејки ги усните.
Бакнеж здив, сочно бакнете го вратот, грбот… на вашиот партнер, а потоа нежно издишете токму на местото каде сте го бакнале.
Детинест удар, нека вашиот партнер ги затвори очите, а вие опсипете го со многу кратки бакнежи.
Бакнеж на рака, да, бакнежот кој е наменет за изразување почит кон постари, може да биде многу сензуален. Не бакнувајте прстите туку горниот дел на раката.
Модар бакнеж, нежно, но одлучно цицајте дел од кожата на вашиот партнер се додека не добие светло модра боја. Тоа е најдобро да го направи на место, кое инаку е покриено, за да не морате да шетате со модринки.Значењето на бакнежот зависи од контекстот. Нема исто значење ако во образ  бакнете мајка, дете, жена или девојка. Тука станува збор за само з

Пронајдете не на следниве мрежи: