15 златни правила за љубовните врски

 

Врските се комплицирани. Бараат пожртвуваност, истрајност, разбирање, желба, компромис… Ви претставуваме 15 правила за успешна љубовна врска.
 

 
 
1. Заслужувате партнерот или партнерката кон вас да се однесуваат со почит.
 
2. Вашите потреби се исто толку важни како неговите или нејзините. Ако не ги истакнете од страв да не го изгубите партнерот или партнерката, тогаш сами се ставате во втор план.
 
3. Облеката не го прави човекот и затоа внимавајте на тоа како некој се однесува кон вас.
 
4. Ако не постои хемија помеѓу вас на почетокот, тогаш прекинете бидејќи нема да ја има ни понатаму во врската.
 
5. Внимателно со алкохолот, тоа што изгледа забавно под влијание на алкохолот, може да биде тотално спротивно од тоа што навистина го сакате кога ќе се отрезните.
 
6. Ниедна нормална врска не започнува со повикот на секс за една ноќ.
 
7. Не заборавајте дека мажите сакаат забавни и позитивни девојки.
 
8. Ако премногу вложувате за некој кој не ви возвраќа со исто темпо, прекинете ја врската бидејќи работите никогаш нема да се сменат, а вие ќе изгубите драгоцено време.
 
9. Полека со очекувањата на почетокот на врската. Оставете работите полека да си доаѓаат сами по себе, не анализирајте премногу.
 
10. Жените никогаш нема целосно да ги разберат мажите, а ни мажите никогаш нема да ги сфатат жените. Тоа е едноставно неприкосновен факт.
11. Понекогаш флертот е само флерт и не очекувајте дека по неколку блескави коментари дека ќе ви понуди брак.
 
12. Ако партнерот или партнерката постојано ве критикува, тогаш имате работа со личност која има психички проблеми.
 
13. Сосема е во ред да кажете “не”. Бидете сигурни во своите ставови, во тоа што го сакате и истакнете го тоа на почетокот на врската.
 
14. Ако не сте сигурни дали му се допаѓате на некој кој вас си се допаѓа, верувајте дека одгоорот е – не.
 
15. Големата достапност на почетокот на врската се сфаќа како очај или голема потреба за внимание.
Извор: lady.mk
 

Врските се комплицирани. Бараат пожртвуваност

Пронајдете не на следниве мрежи: