150 години Меѓународен комитет на Црвен Крст

Loading...

Денес се навршуваат 150 години од формирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст.
МКЦК е најстарата активна хуманитарна организација во светот, која дејствува насекаде, а посебно во оние држави кои имаат потреба од помош за време на војна или воен конфликт. Меѓународниот комитет се формираше на 17 февруари 1863 година. Негови основачи се филантропот Анри Динан, правникот Густав Моание, лекарите Луи Апиа и Теодор Моноар и генералот Гијом-Анри Дифур. Тогашниот Црвен Крст се формираше како меѓународна организација за укажување помош на ранетите на глобално ниво. Денес, МКЦК претставува неутрална и непристрасна хуманитарна институција, промотер на меѓународното хуманитарно право и чувар на Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977.
Повеќе информации за работата на Црвениот Крст во Македонија, може да добиете на следниот линк.  
Извор: ckrm.org.mkДенес се навршуваат 150 години од формирањето на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст.

loading...