Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација и на Динамо Киев, Горан Попов како позајмен играч ќе мине една година во редовите на англискиот прволигаш Вест Бромвич Албион, објави во саботата официјалната страница на клубот.
Дваесет иседумгодишниот македонски фудбалер преминувањето на Островот го реализираше во последните мигови од годинешниот летен преоден рок.
Претходно за Вест Бромвич Албион кој во текот на преодниот рок загуби двајца фудбалери на бековските позиции, настапуваше и поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири.
Од ВБА кои можат подоцна да го откупат договорот на Попов со Динамо од Киев, велат дека обезбедена е работна виза за македонскиот интернационалец, што беше пречка тој да не направи трансфер во ист така англискиот премиерлигаш Стоук.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: