Бројот на жртвите од ураганот Исак, која оваа седмица погоди голем број американски сојузни држави се зголеми на седум лица, јавија американските медиуми.
Претходно оваа седмица, атлантската тропска бура Исак, повторувајќи ја траекторијата на злогласниот ураган од 2005 година – Катрина, се приближи на американскиот брег и се интензивираше во ураган од прв степен, иако локалните власти предвидуваа и стравуваа дека ќе биде со поголема моќ, односно ќе мине во ураган од втора категорија.
Брзината на ветрот во центарот на циклонот достигна 120 километри на час. Ураганот мина низ сојузните држави Флорида, Луизијана, Алабама и Мисисипи.
Претходните информации говореа за две жртви во државата Луизијана.
Минатата сабота, ураганот ослабна до тропска бура.
Според најновите податоци, во државата Луизијана од ураганот загинаа пет лица, а две лица ги загубиле животите во државата Мисисипи.
Споредмедиумите, во Луизијана сé уште продолжуваат поплавите предизвикани од Исак, поради што околу 400илјади луѓе останале без снабдување со електрична енергија.
Поради налетите на ураганот, неколку поголеми аеродроми во американските држави Луизијана, Мисисипи и Алабама биле затворени, а околу 1.500 летови откажани.
На Хаити, од Исак целосно се уништени 335 домови, повеќе од 2.500 објекти беа сериозно оштетени. Речиси 15илјадилуѓе се евакуирани, а бројот на жртвите достигна 24лица. Најмалку пет лица загинааод истата стихија и во Доминиканската Република.
Преземено од Макфакс.
Пронајдете не на следниве мрежи: