Апликациите преку кои на пријателите им јавувате каде сте,што правите и каде се наоѓате, а во исто време проверувате каде се тие, што прават и да не си поминуваат подобро од вас се се популарни,а најмногу корисници имаат Foursquare, Pintеrest, Path i Instagram.
Пред неколку години многу аналитичари на софтвер анализираа и веруваа дека вакви апликации нема да заживеат од причина што корисниците веќе се жалат дека им е загрозена приватноста. Но се случи тотално спротивниот ефект. Ако некој сака приватност не мора да ги користи.
Денес во просек еден од пет корисници на смарт телефони ги користи овие апликации, а секој момент се појавуваат и нови корисници, па на многу луѓе пополека овие апликации им ги заменуваат разговорите на телефон и смс. Се покажа во реалност дека луѓето и тоа како ги интересира каде се нивните пријатели или познаници што веќе им се во мрежата на фејсбук. Исто така сакаат и сами да го објавуваат нивниот статус.
Но некои од овие апликации сами јавуваат каде сте, па ако сакате да излажете дека сте на работа, а не на фризер не ги користете во тие моменти. Меѓу апликациите кои се користат во последно време најмногу внимание помеѓу жените предизвикува Pinterest. Корисниците на оваа платформа не ги спојува местото на кое се наоѓаат,туку ги спојуваatслични интереси. По тоа оваа платформа е наречена,виртуелна плоча на која (пинуваш) закачуваш работи кои ти се интересни. Тоа може да бидат слики, линкови, производи и се друго што ти се допаѓа, а притоа и се дружиш со луѓе со слични интереси.
Foursquarе е и натаму најпопуларна апликација од овој вид. Најзабавна е од проста причина што нејзините автори внеле систем на бонуси за корисниците, за секој што ќе се најави каде се наоѓа да добива поени. Кога ќе се пријавите од една локација ви дава апликацијата еден поен ако ја смените добивате пет. Што повеќе бодови ќе соберете добивате и повеќе можности. Една од нив е да ви јавува дали вашите пријатели често доаѓаат на местото каде одите и вие, оваа опција е и една од најкористените.
Инстаграм пак е апликација со која корисниците можат да објават кај се, но со слика. Значи правите фотографија, ја објавувате каде сакате, може и на Фејсбук, а сите ваши пријатели кои користат Инстаграм можат да ве видат. Апликацијата Pathе слична на Инстаграм,но сеуште не е заживеана во Македонија.
И сега да одговориме на прашањето – „Колку ја сакаме нашата приватност и приватноста на другите луге“? Одговорот би бил – не многу. Милионите корисници на овие платформи со тоа што секој ден го прават го побија ставот на психијатрите и научниците…
Кој знае што веќе наредната година не чека!?
(мушичка)
Пронајдете не на следниве мрежи: