Кристијано Роналдо со два гола му ја трасираше победата на својот клуб на натпреварот со Гранада, но Португалецот и покрај победата изрази незадоволство од „некои луѓе во клубот“.
На прашањето зошто не ги прославуваше головите, Роналдо одговори: „Не прославував поради тоа што сум несреќен заради некои луѓе. Во клубот знаат за што се работи, тоа се некои професионални проблеми“.Како што пишуваат шпанските медиуми, Роналдо пред мечот имал состанок со претседателот Флорентино Перез, на кој го искажал своето незадоволство и порачал дека сака да си замина од клубот.
Како дел од причините за ваквото барање на Португалецот се споменуваат заморот поради долгите подготовки по Европското првенство, но и поразот од Андрес Иниеста во борбата за титулата играч на годината на УЕФА.
Но Роналдо овие наводи ги отфрли откако му ја честиташе наградата на колегата од Барселона.
„Не можам да бидам изненаден ниту од победата, ниту од поразот, Иниеста ја заслужи наградата“.
Од Реал реагираа експресно контактирајќи го неговиот менаџер, со цел да проверат дали за најдобриот стрелец стигнала некоја екстра понуда, од каде добиле одговор дека не станува збор за такво нешто.
Барањето на Роналдо се поврзува со неговиот лош однос со некои соиграчи од екипата, особено со капитенот на тимот Икер Касиљас.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: