Во насилство во Белфаст повреденио 47 полицајци

Вкупно 47 северноирски полицајци беа повредени во неделата во насилство помеѓу верските заедници во Белфаст, за време на парадата на републиканските приврзеници, објави полицијата  во понеделникот.

Лојалистичките припадници на протестантската заедница се обидоа во неделата да ја попречат парадата на католиците, приврзеници на идејата за присоединување кон Република Ирска.

На парадата учествувале неколку стотина лица, а исто толку се обиделе да ја сопрат парадата. Полицајците беа нападнати со цигли, камења и молотови коктели, а контрола била воспоставена доцна во ноќта.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: