Бугарија ги напушта плановите за влез во еврозоната

Бугарија се откажала од плановите за воведување на еврото како одговор на растечката економска криза и неизвесната околу иднината на Европската унија, изјави во понеделникот бугарскиот министер за финансии Симеон Дјанков за американскиот економски весник The Wall Street Journal.

„Во овој момент не гледам никаква полза од влегувањето во еврозоната, туку само трошоци“, вели Дјанков во разговорот за WSJ.

Една од најсиромашните земји на Европската унија е последната во низа земји во коишто опаѓа ентузијазмот за влегување во еврозоната, што долго беше стратешки цел на сите влади на Бугарија.

Бугарија, исто така, е една од најмалку задолжените членки на Европската унија, и се обидува да ги држи строга фискална дисциплина за да ги избегне ризиците за својата валута левот кој е врзан за еврото.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: