Еден загинат во пожар во Португалија

Маж загинал во пожарот што од неделата го зафати централниот дел на Португалија, каде во пад на хеликоптер се повредени две лица, додека поради огнот во неколку региони се мобилизирани околу три илјади пожарникари.

Телото на машко лице е пронајдени близу градот Оуремо, во централна Португалија, а станува збор за 54-годишник кој се обидувал да ја спаси својата живинарска фарма, соопшти градоначалникот на општината, пренесува агенцијата Lusa.

Претходно ова лето смртно настрадаа при гаснење пожар во Португалија.

Во падот на противпожарниот хеликоптер од руско производство од типот „Камов“, две лица се повредени. Хеликоптерот бил користен во гаснењето на пожарот кој уништил две куќи и една фабрика.

Со паѓањето на ноќта во понеделникот, стихијата и натаму напредуваше во четири насоки. Во регионот Села во северниот дел на Португалија, едно село со дваесетина жители е евакуирано.

Вкупно околу три илјади пожарникари се борат со дваесетина шумски пожари или пожари на нискостеблеста шума низ цела Португалија. Локалната служба за цивилна заштита бара засилување преку механизмите за европска соработка.

Од јануари до средината на август, пожарите уништиле повеќе од 70 илјади хектари шума, според последните податоци на португалскиот Институт за заштита на природата и шумите. Полицијата, пак, соопшти дека привела 41 лице осомничено за подметнување пожари.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: