Судот во израелскиот главен град Тел Авив во понеделникот го осуди новинарот на дневниот весник Haaretz, Ури Блау на четири месеци општествено полезна работа поради илегално поседување доверливи документи.
Според договорот на двете страни, обвинетиот четири месеци ќе извршува општествено полезни работи почнувајќи од 11-ти септември 2012 година, се наведува во заклучокот од пресудата на судијата, пренесува AFP.Судот всушност го ратификувал договорот постигнат меѓу новинарот и обвинителот кон почетокот на јули, според кој Ури Блау го признал затајувањето на тајните документи, без намера да ѝ наштети на државната безбедност, за наместо да добие затворска казна, да му биде одредена општествено полезна работа.
„Ова е тажен ден. Државниот обвинител не смееше да го подигне обвинението“, изјави Блау по пресудата.
Здружението Новинари без граници (Reporters sans frontieres) издаде соопштение со кое потврди дека ја примила одлуката на израелскиот суд.
Ури Блау поседувал илјадници строго доверливи документи коишто ги украла Анат Камм, во текот на служењето на воениот рок. Врз основа на тие документи, новинарот на 4-ти декември 2008 година објави напис за воените убиства на палестинските активисти.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: