Жена на возраст од околу 60 година е првата жртва на вирусот Западен Нил во Србија, јавија српските медиуми.
Жената од Панчево, во тешка состојба била донесена на Клиниката за инфективни болести во Белград, а при приемот не можела ни да зборува.
Како што пренесува „Блиц“, жената починала на 13 август, но другите медиуми пренесуваат дека немаат потврда за смртен случај.
Од вирусот Западен Нил досега се заболени вкупно 21 лице, сите се на возраст од 52 до 82 години и во главно биле заболени од менингитис, но според докторката Олга Дуловиќ, нема причина за паника.
Опасниот вирус не се шири со контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидe заразенo само ако тоа е каснато од заразениот комарец, а симптомите се јавуваат во рок од три до 14 дена по убодот.
Кај околу 80 отсто од оние кои се инфицирани, болеста тече без симптоми додека остатокот имаат блага клиничка слика.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: