Рејтинг агенцијата Moody's ја намали прогнозата за рејтинг на Европската унија од стабилна на негативна, предупредувајќи дека би можела да го снижи нејзиниот врвен рејтинг, ако претходно ги намали рејтинзите на четирите најголеми буџетски учесници Германија, Франција, Британија и Холандија.
Наведените четири држави учествуваат со 45 отсто во полнењето на заедничкиот европски буџет.
Овој потег се очекува да го зајакне притисокот над Европската централна банка (ЕЦБ) на состанокот во четврток да изложи детали за нова шема за купување на државни обврзници за да им помогне на прекумерно задолжените држави на еврозоната.
Уште во јуни Moody's ја намали прогнозата на рејтингот на Германија, Холандија и Луксембург, наведувајќи ги како причина последиците од европската должничка криза врз нивните економии. И прогнозите за рејтингот на Франција и Британија се негативни.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: