Нема Македонец кој не го знае единствениот македонски цар во буквална смисла на зборот, Ѓорѓи Колозов.
Легендарниот македонски актер на кој јавноста се воодушевуваше во македонските народни приказни на жалост на сите пред речиси повеќе од 15 години замина од овој свет.
Својот пат Колозов го заврши на 13 октомври 2003 година на 55 годишна возраст, а замина неочекувано и без поздрав.
По тој повод Фејсбук страната посветена на неговиот лик и дело сподели фотографија од местото каде започнаа да се снимаат македонските народни приказни.
Познатата куќа во манастирот Свети Пантелејмон во скопско Нерези каде на фотографијата денес сам без своите пријатели седи актерот Лазар Бараков.
Денес инаку се навршуваат 16 години од неговата смрт.