16 начини да употребите сол за чистење на цела куќа

Иако имате куќа полна со разни препарати за чистење, сепак најевтиниот и најефикасниот препарат може да биде обичната сол. Без разлика дали употребувате морска или кујнска сол за чистење,  достапни ви се многу начини и различни дејства зависно од потребата.

16 начини да употребите сол за чистење на цела куќа

Ви припремивме 16 одлични трикови во кои може да употребите сол за чистење на домот:

  1. Исчистете ги метални предмети со мешавина од еднакви делови на сол, брашно и оцет.
  2. Дамките на тепихот посипете ги со сол. Почекајте додека тепихот  ја апсорбира солта и вшмукајте со правосмукалка.
  3. За полесно да ги отстраните загорените остатоци од храна во тавата, после користењето посипете ја со сол.
  4. Дамки од кафе и чај можат да бидат отстранете така што местата ќе ги триете со сол.
  5. Ако сакате да го исчистите чајникот, наполнете го со вода, додадете четири лажици сол и оставете водата да зоврие.
  6. Исчистете ја пеглата така што на една стара крпа ќе ставите сол, а потоа со врелата пегла неколку пати ќе поминете врз неа.
  7. Исчистете ги крпите од бактериите така што ќе ги вриете во солена вода.
  8. Ако цвеќињата стојат премногу долго во вазна, тие ќе остават дамки и непријатен мирис. Ослободете се од таквата појава, така што внатрешноста на вазната ќе ја истриете со сол, а потоа ќе ја исплакнете со млака вода.
  9. Отстранете ја рѓата од металните предмети со правење на паста од сол, мајонез и вода. Пастата намачкајте врз зар’ѓаните области и оставете ја да се исуши на сонце. Потоа, отстранете ги остатоците од пастата со сува крпа.
  10. За да ги избркате мравките и да ја спречите нивната повторна појава, околу вратите и прозорците посипете сол.
  11. За да ги отстраните дамките од сапун, измешајте една лажица сол и четири лажици јаболков оцет.
  12. Направете супер ефикасно средство за чистење подови така што во кофа со вода ќе додадете шолја сол.
  13. За вашите темни крпи и фармерки подолго да ја задржат бојата, во машината за перење истурете една лажица сол.
  14. Исчистете ја прашината од пластичните цвеќиња, така што ќе ги ставите во кеса која претходно сте ја посолиле, а потоа добро протресете.
  15. Ослободете се од непријатната миризба на рацете со тоа што ќе ги истриете со сол и кора од лимон.
  16. Отстранете го мирисот од чевлите, така што во нив ќе ставите сол и оставете да стои во текот на ноќта.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.