16 паметни деца кои разговараат подобро од возрасните

Децата нè прават навистина среќни, но понекогаш кажуваат нешта на кои не знаеме како да реагираме. Тие можат да бидат смешни, можат да ги покажат своите необични погледи кон светот, а понекогаш дури раскажуваат и детективски приказни. На Интернет страницата „Children Talk“ има огромна колекција на овие приказни и ние ги одбравме најдобрите за вас.
16 паметни деца кои разговараат подобро од возрасните
1. Минатата недела, бев на прошетка со мојата внука (4 години).
На игралиштето запозна момче кое е на нејзина возраст. Си играа, зборуваа и се смееја.
Кога си дојдовме дома, таа рече: „Фала му на Бога, си најдов момче.“ – @Molnia
2. „Мамо, кои се твоите омилени цвеќиња?“
„Ми се допаѓаат темјанушките, а исто така и маргаритките.“ „Покажи ми како изгледаат“.
3. Барам фотографија од нив, а син ми додава:
„Кога ќе умреш ќе ти ги носам на твојот гроб“.
Не знаев што да одговорам. Ова дефинитивно беше необичен начин да покаже дека се грижи. – @CoffeeTree/Pikabu
4. Ќерка ми (6 години) јадеше супа и јас предложив да додадам во неа малку кромид или лук.
Ќерка ми: „Не сакам.“
Јас: „Кромидот и лукот убиваат бактерии.“


Ќерка ми: „Посакувам чоколадото да убива бактерии.“ –@Zluka
5. Со баба ми се вративме дома, а тука беше и ќерка ми (4 години).
Баба ми прашува: „ Сама си дома? Каде е татко ти?“
Ќерка ми ја сврте главата на кај спалната соба: „Ене го, ме успива во спалната соба.“ – @Marina
16 паметни деца кои разговараат подобро од возрасните
6. Момче, кое имаше околу 6 години, разговара со неговиот татко:
Таткото: „Не влегувај во вирот, ќе ти се намократ нозете. Погледни на двете страни од патот, може да те удари автомобил. Не се качувај на оградата, ќе паднеш. Не скокај од палубата, ќе ја скршиш ногата.“
Момчето: „Тато, ти си кукавица!“ – @Family
7. Моето дете донесе нова играчка, автомобил, од градинка.
Го прашувам: „Од каде ја доби играчката?“
Тој: „О, јас и Џејсон направивме размена…“
Јас: „Тој ти даде автомобил, но што му даде ти?“
Размислуваше и одговори: „Шлаканица.“ – @Alice
8. Додека ручавме, ќерка ми не се однесуваше добро.
Јас: „Џејн, престани! Се однесуваш ужасно! Твоите баба и дедо доаѓаат и јас ќе им кажам колку си непослушна!“
Џејн: „Те молам не им кажувај! Сакам да биде изненадување!“ – @Mary
16 паметни деца кои разговараат подобро од возрасните
9. Ен (4 години) ме прашува: „Најде работа?“


Јас: „Не.“
Ен: „На погрешен начин бараш . Јас ќе те научам: Ме носиш во градинка и мајка и на Ешли исто така ја носи неа. Потоа, таа оди на работа. Може да ја следиш и таа ќе те однесе на работа!“ – @Catherine
10. Син ми ме покани да јадам житарици заедно со него. Одбивам, бидејќи сакам да ослабам за да изгледам убаво.
И тој искрено изненаден: „Мамо, треба да носиш ѓердан за да бидеш убава, не да ослабнеш.“
Оваа фраза стана мото кај мене на работа! – @NBC
11. Бевме во продавница и го паркиравме автомобилот покрај едно дрво. Додека бевме внатре во продавницата, птиците кои беа на дрвото, оставија некои „подароци“ на покривот на нашиот автомобил. Поради ова, морав да го однесам автомобилот на перење. Откако завршив, син ми го погледна автомобилот и рече: „Сега, птиците ќе го погледнат автомобилот и ќе си помислат дека за џабе ‘какале’!“ – @Panaramix
12. Таткото: „Треба да го натераме нашиот син да проба црвен кавијар и за возврат ќе му дозволиме да гледа цртани филмови. Ајде да одиме во неговата соба.“
Мајката: „Марк, сакаш ли 15 минути да гледаш цртани филмови?“
Синот, гледајќи во двајцата: „Кажете што треба да изедам?“ – @Kassia
13. Ќерка ми: „ Тато, не оди. Те молам, не оди!“
Јас: „Одам на работа.“
Ќерка ми, држејќи ме: „Те молам, може ли да дојдам со тебе?“
Јас: „Што би правела ти таму? Тоа е мојата работа!“
Таа вреска: „И јас ќе работам!“
Јас, изгубен: „Што точно ќе работиш?“
Таа, гледајќи ме засрамено: „ Јас ќе бидам…душичката на тато.“ – @cat
14. Јас нанесувам шминка пред забава: сенка за очи, маскара, кармин…
Син ми: „ Мамо, зошто црташ по твоето лице?“
Јас:„ Да бидам многу, многу убава, душо.“
Син ми: „Не помага…“ – @Hannahlit
15. Со ќерка ми си играме во бањата. Јас сум принцеза, а таа е сирена. Таа ќе се омажи за принцот.
Јас: „Па, ако јас сум принцеза, јас треба да се омажам за принцот.“
Таа: „Што, јас морам да се омажам за нуркач?!“ – @Sky
16. Јас и мојот 6-годишен син гледавме сцена во која 7-годишно девојче лежеше на подот и ја моли својата мајка да ѝ купи нешто.
Мојот син ме праша: „Мамо, дали таа е глупава?“
Реков: „Да, душо.“
Мајката со висок тон ѝ се обрати на ќерката: „Ти си глупава!“
Мојот син додаде дека сега знае зошто гените се важни. – @tuktuk5999/Twitter
Бонус: Ова е оптимизам!
16 паметни деца кои разговараат подобро од возрасните
Можеби сакате да прочитате и неколку смешни работи во кои луѓето верувале додека биле деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.