16 прашања кои Дизни ги остави неодговорени

Сите ги сакаме цртаните филмови од Дизни, но дали некогаш сте размислиле што се случува со одредени ликови надвор од кадрите и од рамката на приказните? И како некои логични работи се искривени?1.Како Покахонтас можела да комуницира со Џон Смит кога тој е првиот англичанец кого го сретнала во својот живот?
2.Зошто некои играчки од „Приказна за Играчките“ имаат гласови, а некои немаат?
3.Втората желба на Аладин беше да стане принц. Кога му се остварила, дали тоа значело и дека духот му создал и негово кралство? И ако е така, што се случувало со луѓето таму?
4. Кога малата Бу во „Чудовиштата од Плакарот“ исчезнала од својот дом, што ли мислеле и правеле нејзините родители?

 
5.Како Урсула од „Малата Сирена“ се шминка и лакира под вода? И зошто порано живеела во кралската палата? И зошто била протерана од таму?
6.Зошто Ариел немала никаков проблем со тоа што и служеле морска храна? Па нели таа израснала помеѓу морска храна?

7.Како перката на Немо се оштетила уште кога бил јајце? Нели во таа фаза рибите немаат перки?
8.Зошто Ѕверот од „Убавицата и Ѕверот“ не знае да користи вилушка? Па нели бил човек претходно?

 
9.Кој ѓавол ги терал родителите на Заспаната убавица да ја поканат лошата самовила на крштевката?
10.Како Заспаната убавица преживеала 100 години сон без храна и вода?

11.Зошто Пепелашка никогаш не се обидела да избега од маките и работата?
12.Могли бил пронајден во чамец. Дали неговите родители биле во чамецот, и како исчезнале?

 
13.Зошто џуџињата од „Снежана и Седумте Џуџиња“ ископуваат дијаманти? Што ли прават со нив потоа?
14.Дали Скар од „Кралот Лав“ има име? Како се викал пред да ја добие лузната (анг. Scar)?

15.Како ли Рапунзел си ја држела главата на место? Не ли и била тешка сета таа коса?
16.Зошто снешкото Олаф не се стопи во земјата на троловите? Таму немаше снег, туку многу гејзири со врела вода.1.Како Покахонтас можела да комуницира со Џон Смит кога тој е првиот англичанец кого го сретнала во својот живот?

Пронајдете не на следниве мрежи: