Верни на еден тим

Во НБА лигата останаа осум кошаркари кој би можеле да ја завршат својата кариера во својот тим каде што ја почнале својата НБА кариера.

Во НБА лигата Сан Антонио е познат како тим кој не ја менува често својата постава.

Во овој тим моментално играат тројца играчи кој својата НБА кариера ја почнале во Тексас

Тоа се Тим Данкан кој е 15 години во Спарсите, Ману Џинобили 11 години и Тони Паркер 10 години.

Во Далас е тоа легендарниот Германец Дирк Новицки кој веќе 16 години игра за Далас Маверикс.

Коби веќе 16 години е во Лос Анџелес Лејкерс, Пол Пирс 10 години во Бостон Селтикс, Тејшон Принс исто толку во Детроит Пистонс,  додека Двејн Вејд ја започнува 10 сезона во Мајами Хит со 2 прстена на раката.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: