Николиќ ново име во МЗТ

Кошаркарскиот шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродорм, според пишувањето на српскиот весник „Новости“ центарската линија ја засили со Урош Николиќ.Николиќ има 25 години, а во кариерата настапувал за српските екипи Хемофарм и МЕГА, како и за Крка, со која во 2010 ја освоил шампионската титула.

МЗТ до почетокот на сезоната ќе настапува на два подготвителни турнири (Сараево и Ниш), кои поради повреда ќе ги пропушти репрезентативецот Кирил Николовски.

За разлика од Николовски, ветеранот Тодор Гечевски, иако повредената рака му е сеуште во лонгета, започна со тренинзите. Крилниот-центар во составот се очекува да се врати за турнирот во Ниш, кој ќе се одржи на 20 и 21. септември.

МЗТ новата сезона ќе ја започне во АБА лигата со натпреварот во Загреб, против Цибона, кој ќе се одигра на 29. септември. 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: