Модриќ бара победа, Штимац се плаши од Пандев

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска Игор Штимац и најдобриот и најскапиот играч репрезентацијата Лука Модриќ се појавија пред новинарите веднаш по претпладневниот тренинг.

Новиот играч на Реал Мадрид се надева дека навивачите ќе ја поддржат репрезентацијата на квалификацискиот меч со Македонија.

„Пресреќен сум, тука сум и доколку на селекторот сум му потребен во сите 90 минути. Добро сум физички и психички подготвен. Сеедно е на која позиција ќе игра, Македонија мора да ја победиме. Секогаш било тешко да се игра против Македонија, но убеден сум дека ќе победиме. Наша желба е во првите две средби да ги освоиме сите шест бода“, рече Модриќ.

Селекторот Штимац има проблеми со повредата на Ведран Чорлука, што се однесува до Македонија тој ги потенцира квалитетите на Пандев и Ибраими.

„Чорлука го одработи тренингот без проблеми. Во репрезентацијата се врати позитивната атмосфера, играчите работат сериозно видливо е дека пристапот е сосема поинаков од оној кој го имавме против Швајцарија. Веруваме дека ќе одиграме добро против Македонија. Мораме да бидеме сконцентрирани и во одбраната и во нападот, а најмногу внимание треба да му посветиме на Пандев, тој е одличен играч. Добар е и Ибраими, го гледавме против Динамо“, рече Штимац. 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: