Властите на Москва не го дозволија Маршот на милионите

 

Градските власти во Москва одбија да дадат дозвола за организирање на Марш на милионите што опозицијата го планира за 15 септември, објави на Твитер еден од организаторите на акцијата Сергеј Удаљцов.

 

– Како причина за одбивањето властите наведуваат дека Сергеј Давидис, еден од опозиционерите и поднесувачи на молбата за организирање на собир, во текот на годината имал два административни прекршоци, напиша Удаљцов.

 

Опозицијата планира да организира марш од плоштадот Тверско знаме до Боровичкиот плоштад, во центарот на Москва, а на крајот од маршутата да организира митинг, на кој се очекува учество на 50.000 луѓе.

 

Удаљцов наведе дека организаторите во текот на денот ќе поднесат нова молба.

 

Акцијата 15 септември треба да биде трет по ред Марш на милионите – претходните се одржани на 6 мај и на 12 јуни. 

Пронајдете не на следниве мрежи: